Судии од Азербејџан за Вардар и Мелсунген

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натреварите од последното коло во Лигата на Европа.

Вардар ќе се соочи со германскиот Мелсунген, кој е предводен од некогашниот стратег на „црвено-црните“, Роберто Парондо.

ЕХФ делегираше судии од Азербејџан за овој натпревар, а станува збор за браќата Ернест и Емил Агакаши, додека делегат е Мигас од Грција.

Натпреварот меѓу Вардар и Мелсунген е закажан за 26 ноември со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

За Вардар ова е последниот натпревар во сезоната во Европа, бидејќи во главната рунда патуваат Мелсунген и Порто, без оглед на исходот на натпреварите.