Прво, па женско: Судир меѓу Ѓорче Петров и Чаир на стартот на плеј-офот!

|
14:07

Денеска беше извршена ждрепката за натпреварувачките броеви за плеј-офот и плеј-аутот во Женската лига.

Секое коло ќе има најмалку по еден дерби натпревар, а уште на стартот ќе се сретнат шампионот и вицешампионот.

Во првото коло покрај двобојот меѓу Ѓорче Петров и Чаир, ќе биде интересно и на средбата меѓу Вардар и Куманово.

Металург Автокоманда ќе гостува во Штип кај Астибо, кој испиша историја со пласманот во плеј-офот и ќе биде голем фаворит.

Плеј-офот во Женската лига треба да стартува на 18/19 декември, додека до крајот на 2025 ќе биде одиграно уште едно коло, но календарот треба дополнително да биде потврден од РФМ.

Женска лига, плеј-оф, 1 коло:

Ѓорче Петров – Чаир
Вардар – Куманово
Астибо – Металург Автокоманда

Во плеј-аутот по исклучувањето на Гевгелија и Скопје, остануваат само седум екипи, кои треба да играат еднокружно.

Женска лига, плеј-аут, 1 коло:

Овче Поле СУ – Стружанка
Спартак – Шампион
Деспина – Ѓорче Петров 2
Пелистер слоб.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на тест со Хрватска на Обрван

Автор: Влатко Мирчески
| 22 ноември 2024
10:00

Женската сениорска репрезентација на Македонија денес ќе ја има претпоследната проверка пред настапот на Европското првенство 2024.

Македонија во рамки од силниот турнир „Кроација Куп“, што ќе се одржи во Новиград, Хрватска, ќе тестира со домаќинот и Србија.

Избраничките на Кристијан Грчевски денеска ќе ги одмерат силите со Хрватска, репрезентација која што е предводена од Ивица Обрван.

Утре, во истиот термин, 16:00 часот, Македонија против Србија ќе го има последниот тест пред настапот на континенталниот собир.

Македонија е во група со Унгарија, Шведска и Турција, а првиот натпревар на ЕП,  го нашата репрезентација го игра против Шведска на 28 ноември.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 ХРВАТСКА – МАКЕДОНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
18:00 УНГАРИЈА – СЛОВАЧКА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
18:00 ЧЕШКА – АНГОЛА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
18:00 ПЛЕР – ФТЦ (УНГАРИЈА)
18:00 ВОЈВОДИНА – ЦРВЕНА ЅВЕЗДА (СРБИЈА)
19:00 РАДНИЧКИ – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СРБИЈА)
19:00 АЈЗЕНАХ – МЕЛСУНГЕН (БУНДЕС)
19:00 ТРИМО – ГОРИЦА (СЛОВЕНИЈА)
20:00 ГУМЕРЗБАХ – КИЛ (БУНДЕС)
20:00 ДРАМЕН – ЛЕОТАР (ЕВРОПСКИ КУП)
20:00 СИЛКЕБОРГ – МОРС (ДАНСКА)
20:00 НИМ – СЕНТ РАФАЕЛ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ТРОГИР – ЗАГРЕБ (ХРВАТСКА)
20:30 БЕНИДОРМ – УЕСКА (АСОБАЛ)
20:30 СЕСОН – ЛИМОЖ (ФРАНЦИЈА)
20:30 КРЕТЕЈ – ИСТРЕС (ФРАНЦИЈА)
20:30 ТУЛУЗ – ИВРИ (ФРАНЦИЈА)
20:45 ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)

Митревски: Со полна сала и добра атмосфера до нова победа

Автор: Влатко Мирчески
| 20 ноември 2024
10:45

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе ја пречека данска Фредериција во натпреварот од осмото коло во Лигата на шампионите.

За битолскиот тим ова е важен натпревар, бидејќи со евентуална победа ќе си ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето од европската елита.

На првиот натпревар, кој беше одигран во Оденсе, македонскиот шампион со пресврт во вториот дел дојде до два важни бода, триумфираше со 25:23.

Голманот Никола Митревски, кој со 15 интервенции беше најзаслужен за победата на првото соочување со Фредериција, ги истакна своите очекувања.

„Тие најавуваат дека сакаат реванш. Таму одигравме добар натпревар, ја остваривме првата победа и освоивме два бода и сакаме да продолжиме во тој ритам. Верувам дека салата ќе биде исполнета и со поддршката од нашите навивачи ќе славиме конечно домашна победа. Тие нема што да загубат сега, за разлика од претходниот натпревар ќе играат опуштено и мислам дека со добра атмосфера и полна сала повторно ќе ги победиме”, изјави Митревски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.

Петар Атанасијевиќ: Фредериција не е екипа за потценување

Тајник: Цела Битола очекува победа, а ние ќе се потрудиме да ја оствариме

Алонсо: Натпреварот против Фредериција е со голем влог – ќе решаваат детали

Манасков: Не сме среќни, аме сме задоволни со бод

Автор: Редакција
| 20 ноември 2024
22:50

Еурофарм Пелистер одигра нерешено, 29-29 со Фредериција, иако можеше македонскиот првак дури и да победи, но и да загуби. Со овој бод, битолчани остануваат се уште во игра за место кое води во осминафиналето на лигата на шампионите. Веројатно ќе биде клучен оној меч со Висла во Битола.

Во последните десет минути се влезе со нерешен резултат, 25:25, се играше гол за гол, пелистерци наместо на два разлика, дозволија ривалот да израмни, 27:27, а на три минути пред финишот Фредериција со два гола во низа го презеде водството, поведе со 29:28. Еурофарм Пелистер израмни на 29:29, гостите не реализираа напад, но ниту домашниот тим не успеа да дојде до гол во последните секунди,

„Тежок меч. Фредериција беше подобра отколку на првиот меч, Играа полесно, и даваа лесни голови особено во првото полувреме. Почнавме добро, па после паднавме. не успеавме денеска да им помогнеме на голманите, да имаат повеќе одбрани. Можеше и да загубиме. Успеавме да освоиме еден бод, не сме среќни, но секако сме задоволни, изјави Дејан Манасков, крилото на Еурофарм Пелистер.

Во следното коло пелистерци гостуваат кја Веспрем.

Еурофарм Пелистер освои нов бод – драмата со Фредериција заврши реми

 

МВП НА 11. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – ДАВИД ДИМЕВСКИ (КУМАНОВО)

Автор: Редакција
| 22 ноември 2024
18:35

Членот на Куманово, Давид Димевски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 11. коло од Супер лигата.

Младинскиот репрезентативец продолжи со одличните партии и на натпреварот против Радовиш беше еден од предводниците во својот тим.

Левиот бек му даде 11 гола на повратникот во суперлигашкото друштво, а зад своето име запиша и неколку асистенции.

Димевски освои околу 50% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше сениорскиот репрезентативец Мартин Серафимов со 37%.

Номинирани за МВП на 11. коло од Супер лигата беа уште Ласко Андоновски, Богдан Радивојевиќ, Хансер Родригез, Кристијан Анастасовски и Игор Арсиќ.

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Алонсо ги избра ракометарите за пресметката со Фредериција

Автор: Душко Андов
| 20 ноември 2024
12:31

Европската ракометна федерација ги објави составите на Еурофарм Пелистер и Фредериција за денешната пресметка во Лигата на шампионите.

Новиот стратег на пелистерци, Раул Алонсо, ги избра ракометарите со кои ќе се брка втората победа, а прва домашна, во елитната конкуренција.

Надвор од комбинација останаа Цветан Кузманоски, Василије Печурица, Кајо Цикатиќ и Павле Петровиќ, додека кај гостите недостига Себастијан Хенеберг, кој се опоравува по повредата.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција е закажан за вечерва во 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.