ТРИ ЅВЕЗДИ НА 10. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

|
17:11

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 10-то коло во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 10. коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Металург Автокоманда и Чаир.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Женска лига, 10. коло, резултати:

Група А
Ѓорче Петров 2 – Стружанка 31:18 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Астибо 30:27 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЧАИР880016
2АСТИБО850310
3СКОПЈЕ84139
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82155
5СТРУЖАНКА80080

Група Б
Пелистер – Металург Автокоманда 16:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Гевгелија 10:0
Овче Поле СУ слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА871015
2КУМАНОВО861113
3ПЕЛИСТЕР 201284048
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.82064
5ГЕВГЕЛИЈА80080

Група В
Спартак – Ѓорче Петров 10:49 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Вардар 19:37 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ770014
2ВАРДАР750210
3ДЕСПИНА84048
4СПАРТАК72054
5ШАМПИОН70070

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 10. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Рона Мифтари - Чаир
57.89%
Емилијана Ризоска - Ѓорче Петров
28.95%
Јана Ѓошевска - Металург Автокоманда
13.16%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 10. КОЛО

Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Репрезентативката како на тренинг постигнуваше голови на дуелот против Спартак, броеше до 11.

Рона Мифати (Чаир) – Големата надеж на Чаир имаше одлична партија против Астибо, натпреварот го заврши со 12 гола.

Јана Ѓошевска (Металург Автокоманда) – Беше меѓу најдобрите против Пелистер, зад своето име имаше осум успешни реализации.

Ѓорче Петров 2 триумфално против Стружанка, Металург Автокоманда ја освои Битола

Автор: Душко Андов
| 17 ноември 2024
16:15

Тимот на Ѓорче Петров 2 победнички го заврши регуларниот дел од сезоната во Женската лига откако славеше против Стружанка со убедливи 31-18.

Гостинките парираа до 3-3, потоа Ѓорче Петров 2 се одлепи на плус три, 6-3, а до крајот на полувреме постигна уште десет и прими само уште три гола.

Вториот дел беше само формално одработување на задача за избраничките на Милева Велкова за победнички крај на регуларниот дел од сезоната.

Марија Димоска беше најдобар стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне седум гола, додека Маја Раткушиноска стрелаше девет пати за Стружанка.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЧАИР880016
2АСТИБО850310
3СКОПЈЕ84139
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82155
5СТРУЖАНКА80080

Металуг Автокоманда ја заврши групната фаза без пораз, откако славеше убедливо на гостувањето кај Битола со 30-16.

На полувремето гостинките водеа со 17-6 и немаше дилеми која екипа ќе ги освои бодовите на овој натпревар.

Марија Јанкуловска и Јана Ѓошевска со осум, како и Таида Беровиќ со седум гола беа најдобри кај Металург Автокоманда, додека во составот на Пелистер се истакна Наталија Дишковска со пет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА871015
2КУМАНОВО861113
3ПЕЛИСТЕР 201284048
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.82064
5ГЕВГЕЛИЈА80080

Дабевска и Тасевска победнички во Романија

Автор: Душко Андов
| 19 ноември 2024
16:25

Тимовите на Галаци и Униреа Слобозиа, каде што играат македонските интернационалки Сања Дабевска и Марија Тасевска, запишаа победи во 9 коло од Втората лига на Романија.

Галаци славеше на гостински терен кај Нептун Констанца со 37-29, а македонскиот кружен напаѓач Дабевска имаше три гола од пет обиди.

Униреа Слобозиа победи на гостински терен кај Стинта Бакау со 45-18, а левото крило Тасевска постигна три погодоци од пет обиди, додека средниот бек Ивана Арсениевска не беше во составот кај гостите.

Галаци е лидер на табелата, досега нема загубено ниту еден меч и 27 бода, додека Униреа Слобозиа се наоѓа на делба на второто место со 22 бода.

Лукас Јоргенсен на радарот на Веспрем

Автор: Влатко Мирчески
| 18 ноември 2024
20:35

Унгарскиот гигант Веспрем и 25-годишниот Лукас Јоргенсен се на добар пат да постигнат соработка, пишува германскиот портал „Билд“.

Јоргенсен, кој е член на Фленбург, во Веспрем би требало да биде замена за францускиот репрезентативец Лудовик Фабрегас.

Како што е познато, се поизвесно е дека Фабрегас ќе се врати во каталонскиот гигант Барселона, па така раководството на Веспрем уште од сега се активира на трансфер пазарот.

Данецот од минатата сезона е член на бундеслигашот, во кој пристигна од познатиот клуб ГОГ Гудме.

Бидејќи Јоргенсен има актуелен договор со Фленсбург до летото, 2026 година, унгарскиот шампион ќе мора да плати оштета доколку го посакува во своите редови.

Кружниот напаѓач со ГОГ Гудме во сезона 2020/21 беа гости кај Еурофарм Пелистер во рамки од Лигата на Европа.

Дуењас повика 19 ракометарки – познат списокот на Словачка за ЕП

Автор: Душко Андов
| 19 ноември 2024
15:11

Селекторот на женската репрезентација на Словачка, Хорхе Дуењас, го објави списокот на повикани ракометарки пред стартот на Европското првенство.

Дуењас смета на 19 ракометарки, кои претходно беа дел и од „Трофеј Карпати“, а меѓудругото славеа и против Македонија.

Само една ракометарка доби дополнителен повик во однос на оние што играа во Романија, а тоа е талентираното лево крило од Слован Дусло Шала, Лаура Брезанска.

Дуењас на списокот има осум интернационалки и 11 ракометарки што настапуваат во домашното првенство.

Словачките репрезентативки го имаа првиот собир во Шаморин, а пред ЕП ќе одиграат две пријателски средби против Унгарија и Украина.

На Европското првенство ќе играат во групата Е во Инсбрук, против домаќинот Австрија, Норвешка и Словенија.

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО OД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Автор: Редакција
| 18 ноември 2024
13:11

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 11 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Вардар, Еурофарм Пелистер, Пролет, „сино-белиот“ тим од Автокоманда, Куманово и двајца од Тиквеш.

За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Супер лига, 11. коло, резултати:

ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 24-19 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ВАРДАР 25-34 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – АЛКАЛОИД 22-29 (ИЗВЕШТАЈ)
БИСИНОВ ФЛ – ТИКВЕШ 22-33 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП 46-24 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – РАДОВИШ 30-26 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 11.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Мартин Серафимов - десен бек - Алкалоид
45.71%
Давид Димевски - лев бек - Куманово
30.00%
Ласко Андоновски - среден бек - Пролет
10.00%
Богдан Радивојевиќ - десно крило - Еурофарм Пелистер
8.57%
Кристијан Анастасовски - пивот - Тиквеш
2.86%
Хансер Родригез - лево крило - Вардар
2.86%
Игор Арсиќ - голман - Тиквеш
0.00%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 11. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Игор Арсиќ (Тиквеш) – Српскиот голман блескаше во Велес и забележа 17 интервенции.

Лево крило: Хансер Родригез (Вардар) – Кубанскиот репрезентативец беше меѓу подобрите во триумфот над Струга.

Лев бек: Давид Димевски (Куманово) – Младинскиот репрезентативец беше на ниво и меѓу најзаслужните за бодовите против радовишани.

Среден бек: Ласко Андоновски (Пролет) – Средниот бек продолжува да игра во одлична форма оваа сезона.

Десен бек: Мартин Серафимов (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец постигна 12 голови на гостувањето кај Охрид.

Десно крило: Богдан Радивојевиќ (Еурофарм Пелистер) – Србинот коректно си ја одработи задачата против прилепчани.

Пивот: Кристијан Анастасовски (Тиквеш) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите поединци во триумфот кај Бисинов ФЛ.