Тунискиот интернационалец Таухок Бакар го предводеше тимот на Пролет кон победа на дуелот со Бутел, 24-19 (11-11) со што постариот клуб „ги измеша картите“ во борбата за плеј оф, и сега има свои математики да биде во Топ-6.
Бакар имаше двоцифрен број голот на средбата. Сега Пролет скокна едно место на табелата, им а10 бода, еден помалку од Тиквеш и два помалку од Бутел. Меѓу овие три екипи веројатно ќе се бараат дават апатника за разигрувањето за титулата.
На трета средба по ред на домашен терен Пролет во дуелите со Бутел победува, и пак тоа беше меч полн со пресврти и неизвесност, до самиот крај.
Во текот на натпреварот двете екипи имаа свои минути, а Бутел предност од 2 гола во првото полувреме. Неизвесноста беше постојано присутна, а дури во продолжението домашните успеаја да направат предност до „плус 3“ за водство 18-15. Тоа беше првпат едне тим да има таква предност, а Бутел во 48 минута при негатива 17-19 не реализираше и пенал.
Во последните пет минути од мечот домашните имаа позитива од 20-18, и напад, а расположениот Бакар со својот 9 гол на средбата му донесе водство од 21-18 на тимот од Пролет.