Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер на свој терен без проблеми триумфираше над Прилеп со 46:24 во натпревар од 11. коло во Супер лигата,
За пелистерци ова беше 9-ти сезонски триумф во домашниот шампионат и загревање за важниот натпревар против Фредериција во Лигата на шампионите.
Домаќините победата ја најавија уште во првиот дел, на пауза заминаа со предност од 23:16, а во вторите 30 минути речиси ги казнија сите грешки на гостинот за победа од 22 разлика.
Најефикасен во победничката екипа беше Филип Кузмановски со шест гола, по пет имаа Домен Тајник и Усама Хосни.
Во редовите на поразениот табор се истакнаа Никола Цветаноски и Божидар Илиески, двајцата ракометари имаа по шест гола.