Вигерт главен кандидат за наследник на Алфред Гисласон

Во германската ракометна јавност активно се дискутира на прашањето за наследникот на актуелниот селектор на машката репрезентација Алфред Гисласон.

Како што е познато, искусниот стратег од Исланд на кормилото на Германија ќе биде до 2027 годин, но уште од сега започнаа шпекулациите околу неговиот можен наследник.

Главен кандидат за наследник на Гисласон е актуелниот тренер на Магдебург, Бенет Вигерт, кој со бундеслигашот успеа да оствари импресивни резултати.

Најголемиот успех на Вигерт со Магдебург е освојувањето на титулата во Лигата на шампионите во сезона 2022/23, како и првото место во Лигата на Европа 2020/21, а тука се и златните медали освоени на Светското клупско првенство – 2021,2022 и 2023 година.

Вигерт со Магдебург ја освои Бундес лигата во сезона 2021/22 и 2023/24. Екс играчите и експерти како Стефан Кречмар и Паскал Хенс го поддржаа можното назначување на Вигерт за нов предводник на „панцирите“ од 2027.