Валентина Радуловиќ се огласи по казната од РФМ

|
15:57

Лавина реакции покрена натпреварот од Купот на Македонија меѓу Скопје и Гевгелија, кој се одигра во саботата, како дел од групната фаза. Гевгеличанки „славеа“ со 17-16, откако во последните пет минути двете екипи си постигнуваа автоголови и не сакаат да победат и да одат понатаму.

Епилог од сето тоа е исклучување на двете екипи од системот на натпреварување во РФМ, како сениорските, така и младинските екипи во сите категории на Скопје и Гевгелија, како и суспензија од две години за Валентина Радуловиќ, претседателката на Скопје, која беше на клупата, потоа за Веселинка Треноска, која исто така седеше на клупата на Скопје и претседателката на Гевгелија, Јулија Беќарова.

Поранешната македонска репрезентативка Валентина Радуловиќ, во изјава за 24Ракомет, потврди дека ја добила казната од РФМ, но дека во ниту еден момент не влијаела на односот на ракометарките на теренот.

„Ја добив одлуката на РФМ за казната. Можам само да кажам дека на тој меч седев на клупата и бев официјално лице, но во ниту еден момент не побарав, ниту влијаев на ракометарките да играат или се однесуваат онака на теренот како што тие играа“, вели Радуловиќ.

Легендарното некогашно крило на Кометал ЃП, Шлагелсе и Хипо, вели дека клубот ја известил РФМ дека Скопје не сака доброволно да игра во Купот на Македонија.

„Чудно е што РФМ ги закажа сега овие натпревари од Купот, наместо традиционално на пролет. Тие беа известени дека ние не сакаме доброволно да играме во Купот бидејќи сме нов клуб, и немаме спонзори, а немаме ниту помош од државата како другите клубови“, заврши Радуловиќ.

Гевгелија по „победата“ над Скопје требаше да се „бори“ со Ѓорче Петров за место на Ф4, но по нивното исклучување, бранителот на Куп трофејот, со службена победа се пласираше меѓу најдобрите четири на завршниот турнир што ќе се игра во мај 2025.

Се огласија и од Министерството за спорт: Поништени решенијата за дејност на Скопје и Гевгелија!

Две години суспензии за Радуловиќ, Треноска и Беќарова, казна и за делегатот на скандалозниот натпревар!

📸 Новиот тренер на Вардар со пиво се „чекираше“ во Скопје

Автор: Душко Андов
| 13 ноември 2024
17:11

Новиот стратег на Вардар, Гиљермо Милано, пристигна во Скопје и ќе го преземе кормилото на „црвено-црните“.

Тој имаше обврски со младинската и кадетската репрезентација на Аргентина на шампионатите на Средна и Јужна Америка пред да дојде во македонската престолнина.

Милано се „чекираше“ на социјалните мрежи од Скопје и своето деби би требало да го има веќе на дуелот со Струга од Супер лигата што ќе се игра в сабота.

Аргентинскиот стратег со младинците го освои златото на шампионатот во Средна и Јужна Америка, додека со кадетите играше во финалето и освои сребро.

По мечот со Струга од Супер лигата, за Вардар следува патување до далечниот Исланд и меч со Валур од Лигата на Европа.

🔴ВО ЖИВО🔴 Вардар – Пелистер, Чаир – Астибо

Автор: Душко Андов
| 12 ноември 2024
16:55

Германија со проверени сили на ЕП 2024

Автор: Влатко Мирчески
| 11 ноември 2024
21:00

Селекторот на Германија, Маркуш Гаугиш, го објави списокот на ракометарки за претстојното Европскот првенство 2024.

На списокот кај Гаугиш партиципираат 19 ракометарки, а пет од нив се интернационалки – Катарина Филтер, Јулија Мајдхоф, Алина Гријселс, Аника Лот и Емили Белк.

Сите интернационалки со себе носат големо искуство, бидејќи настапуваат со силни тимови, но и ракометарките од Бундес лигата со себе носат искуство.

Германија за ривали во групната фаза на Европското првенство ги има репрезентациите на Украина, Исланд и Холандија.

Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе продолжат во главната фаза на континенталниот собир во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Раховец на Андоновски останува непоразен – го доби македонскиот двобој во Косово

Автор: Влатко Мирчески
| 14 ноември 2024
10:00

Екипата на Раховец, кој е предводена од македонскиот стратег Горан Андоновски, а во која настапува кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат.

Раховец во заостанатиот натпревар од 6. коло од најквалитетното натпреварување на Косово славеше убедливо против Вјоса на Илиja Трпевски и Обрен Фичуроски со 17 гола разлика, 38:21.

Со новите два бода, тимот предводен од Андоновски го зголеми бодовното салдо, сега има 14 бода, додека главните конкуренти на Раховец, Беса и Кастриоти, два пода помалку – 12.

За Раховец ваквите полесни натпревари со домашни екипи се проверка на силите пред големиот предизвик во Европскиот Куп.

На 23 ноември, Раховец во рамки од 3. коло од третото по ранг европско клупско натпреварување ќе биде домаќин на романската Баја Маре, а реванш дуелот ќе биде на 30 ноември во Романија.

Нов доказ за квалитетот – Николов и Начевски ќе судат на СП 2025

Автор: Душко Андов
| 14 ноември 2024
11:10

Најдобрите македонски судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе бидат дел од Светското првенство 2025 година во Данска, Норвешка и Хрватска.

Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за Мундијалот, а меѓу нив се најде и македонската двојка.

Николов и Начевски зад себе имаат одработено многу големи натпреварувања  – ЕП, СП и ОИ, а судеа на финалиња на сите.

Номинацијата на СП 2025 е уште еден доказ за нивниот квалитет, а покрај Николов и Начевски, на Мундијалот ќе судат уште 23 двојки од целиот свет.

Освен Николов и Начевски, Македонија ќе биде претставена од ракометарите кои ќе играат во групата во Вараждин со селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја.