Репрезентативецот на БиХ, Харун Хоџиќ, кој од 2018 година настапува во францускиот шампионат, поточно во Шамбери, одлучи да ја промени средината.
Младиот голман ќе остане во Франција, но од наредната сезона ќе брани во тимот на Ним. Станува збор за клуб кој што во оваа сезона е меѓу петте најбогати клубови во Франција, има буџет од околу шест милиони евра.
Хоџиќ со раководството на Ним се договори на соработка со важност до три сезони, односно до јуни, 2028 година, па така босанскиот интернационалец поголемиот дел од кариерата ќе го помине во Франција.
Босанскиот голман во Шамбери пристигна во текот на 2018 година и само на 19 години дебитираше за познатиот француски клуб.
Минатата сезона, 24-годишниот голман беше меѓу најдобрите голмани во најквалитетното француско натпреварување.