Машката репрезентација на Литванија е следен ривал на Македонија во квалификациите за ЕП 2026 година.
Балтичката селекција загуби на првиот меч кај Словенија со 35-26 и сега ќе игра дома со Македонија, а селекторот Гинтарас Савукинас знае колкава важност има овој дуел.
„Мечот со Македонија е клучен за нас. Ако ги победиме нив, ќе имаме многу поголеми шанси да се бориме за пласман на ЕП. Поддршката од фанвоите на секој меч е дополнителна мотивација и делува позитивно на моите играчи. Најважното што го научивме од дуелот со Словенија е да бидеме дисциплинирани во текот на целиот меч, не само едно полувреме. Ривалите на ова ниво не даваат многу шанси, ги казнуваат сите грешки и резултатот се менува против вас веднаш. На дуелот против Македонците, мора да бидеме подобри и се надевам дека ќе одиграме според планот“, изјави Савукинас.
Натпреварот меѓу Литванија и Македонија се игра во Виљнус в недела со почеток од 17:00 часот, а Словенија во истиот термин ќе гостува кај Естонија.