Вардар рутински одработи против Спартак, Босилковска се погрижи за триумф на Пелистер

Ракометарките на Вардар одработија уште еден натпревар од Женската лига, откако славеа на домашен терен против Спартак со 41-18.

Како и на останатите натпревари каде што има изразити фаворити, така и на овој победникот беше решен уште по првиот дел кога беше 22-12.

Леона Миленковска беше најпрецизна во победничкиот состав со осум гола, а по пет погодоци дадоа Бојана Радевска и Сара Богојеска.

Во тимот на Спартак, Ангела Гроздановска и Зорица Андовска по шест пати ја затресоа мрежата на Вардар.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ770014
2ВАРДАР750210
3ДЕСПИНА84048
4СПАРТАК72054
5ШАМПИОН70070

Пелистер иако веќе нема шанси за плеј-офот, славеше на гостувањето кај Овче Поле Славјански Универзитет со 26-19.

Иако домаќинките водеа со 15-9, на паузата и со 15-12, во второто полувреме постигнаа само четири гола и мораа да се помират со пораз.

Предводничка на составот на Борче Корлевски беше Моника Босилковска со 12 гола, а кај домашните се истакна Јована Ангеловска со седум погодоци.

ПозЕкипаНПРББ.
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА7611913
2КУМАНОВО8611913
3ПЕЛИСТЕР 2012740128
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.82064
5ГЕВГЕЛИЈА80000