Астибо испиша историја, Чаир продолжува победнички

Екипата на Астибо со победата над Ѓорче Петров 2 од 31:27 обезбеди пласман во плеј-оф сегментот во единственото женско сениорско натпреварување. За клубот од Штип денешниот натпревар беше да се биде или не. Иако на Астибо му одговараше реми, поради подобрата гол разлика со Скопје, сепак, избраничките на Величков не дозовлија да има драма.

Астибо добро го започна натпреварот, поведе со 4:2 во воведниот дел и до крајот на полувремето одржуваше предност, но немаше голема комоција во играта. Иако домаќинот во неколку наврати водеше со максималните ,,плус четири”, сепак, како се доближуваше паузата, така гостинките се враќаа во игра.

По предноста на Астибо од 13:9, гостинот врза три гола во низа и намали на 13:12. До крајот на полувремето имаше голема борба за секоја топка, а домаќинот на пауза замина со плус два гола предност, 16:14.

Неизвесноста продолжи и во вториот дел, гостинките во 38 минута конечно дојдоа до израмнување, 18:18. Од тој момент сѐ започна од нула. Следуваше игра гол за гол, предноста на Астибо во 45 минута беше 21:20, а во последните петнаесетина минути Ѓорче Петров 2 никако не можеше да се врати во игра, иако имаше многу шанси за камбек.

Стандардно кај Астибо повеќето голови ги постигна Марија Анчева, која броеше до 22. Кај Ѓорче Петров 2 се истакна Антонела Ѓероска со осум и Симона Блажеска со седум гола.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЧАИР880016
2АСТИБО850310
3СКОПЈЕ84139
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82155
5СТРУЖАНКА80080

Чаир рутински одработи против Скопје, триумфираше со 39:27, а избраничките на Басри Љатифи победата ја обезбедија уште во првиот дел, кој го добија со 20:12.

Листата на стрелци кај Чаир беше предводена од Стефанија Ѓорѓиевска со осум и Биљана Дамчевска со седум гола. Во составот на Скопје се истакнаа Росана Павлова и Наталија Максимовска, двете ракометарки имаа по пет успешни реализации.