Абутовиќ замина во репрезентативна пензија: Ќе бидам најголем навивач на Србија

Илија Абутовиќ во иднина ќе се посвети само на клупските настапи, откако реши да ја заврши репрезентативната кариера.

Пред почетокот на натпреварот меѓу Србија и Летонија од квалификациите за ЕП 2026 година, тој се прости од репрезентацијата.

„Од своите најрани ракометни почетоци сонував да играм за Србија и тој сон ми се оствари. Беше големо задоволство, но и одговорност да се носи националниот дрес. Би сакал да им се заблагодарам на сите соиграчи, тренери, членови на стручниот штаб, медицинскиот персонал и сите кои беа дел од мојот репрезентативен пат. Иако веќе нема да бидам активен на теренот, ќе бидам еден од најголемите навивачи“, изјави Абутовиќ.

Абутовиќ забележа 55 настапи за Србија и постигнаа 22 гола.