ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Лазаров одбра за Естонија – ќе играат пет пикери!

Машката репрезентација на Македонија денеска го започнува квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2026 година.

Прв ривал на нашите момци ќе им биде Естонија, а селекторот Кирил Лазаров ги одреди ракометари што ќе играат на натпреварот.

Од повиканите 20 ракометари овојпат на трибините ќе останат Иван Галевски, Цветан Кузманоски, Давид Савревски и Михајло Младеновиќ.

Во составот ќе бидат пет кружни напаѓачи – Аларов, Лазаревски, Пешевски, Стојковиќ и Карасманакис.

Натпреварот меѓу Македонија и Естонија ќе се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот.