Екипата на Овче Поле славеше на свој терен против Кичево со 28:25 во заостанатиот натпревар од 7. коло од прволигашката конкуренција.
За тимот од Свети Николе ова беше втора сезонска победа, додека Кичево го доживеа третиот пораз сезонава.
Домашниот тим иако имаше предност на полувреме од 15:12, гостите не се откажуваа и речиси до самиот финиш беа во игра барем за бод.
Сепак, Овче Поле имаше повеќе среќа во клучните моменти и знаеше како да дојде до реализација.
Победничката екипа беше предводена од Иван Димчевски, кој зад своето име запиша девет погодоци, а го следеше Стојанче Ристов со пет.
Во поразениот табор се истакна Јован Атанасовски, постигна девет гола во мрежата на домаќините.