Машката репрезентација на Македонија утре го стартува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2026 година во Данска, Шведска и Норвешка.
Прв ривал на избраниците на Кире Лазаров е селекцијата на Естонија, со која досега Македонија има одиграно шест меча низ квалификации и нема ниту еден пораз, иако на три гостувања има само една победа против балтичката селекција.
Спротивно на билансот со Естонија, Македонија нема победа против вториот противник во евро-квалификациите, Литванија.
Против втората балтичка селекција, Македонија досега има три официјални меѓусебни средби, а оствари само едно реми. Во Каунас имаме висок пораз, додека Литванците имаа триумф и во Радовиш.
Кога се работи за традицијата, таа постои за да биде прекината, па останува надежта дека тоа ќе биде случај на гостувањето во Виљнус. Што се однесува до мечот со Естонија, тука би било одлично ако продолжи старата традиција.
Дуелот меѓу Македонија и Естонија се игра на 6 ноември во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот, додека средбата меѓу Литванија и Македонија е закажана за 10 ноември во 17:00 часот во „Авиа Солушнс Арена“ во Виљнус.
Македонија – Литванија
30.10.1996, Каунас, Литванија – Македонија, СП квалификации, 30-20
03.11.1996, Радовиш, Македонија – Литванија, СП квалификации, 28-31
15.01.2010, Адана, Македонија – Литванија, СП квалификации, 24-24
Македонија – Естонија
11.01.2006, Кехра, Естонија – Македонија, СП квалификации, 30-30
15.01.2006, Охрид, Македонија – Естонија, СП квалификации, 44-29
27.11.2008, Скопје, Македонија – Естонија, ЕП квалификации, 31-22
29.11.2008, Полва, Естонија – Македонија, ЕП квалификации 28-28
27.10.2010, Скопје, Естонија – Македонија, ЕП квалификации, 30-25
08.06.2011, Полва, Естонија – Македонија, ЕП квалификации, 25-31