Еден од најдобрите ракометари на Охрид, Теимураз Орјоникидзе, доби репрезентативен повик за претстојниот старт на Грузија во квалификациите за ЕП 2026.
Тој заедно со десниот Гиорги Сковребадзе треба да биде ударната игла на грузиската селекција во битките со Грција и Исланд.
Селекторот Тите Каланадзе покрај Орјоникидзе, ги повика и Хазеин Рустамов, Зураб Цинцадзе, Мириани Гавашелишвили, Гиорги Дикаминџија и Иракли Кбилашвили, кои своевремено играа во македонското првенство, а сега се дел од други клубови.
Покрај Грција и Исланд, во квалификациската група, Грузија за ривал ќе ја има и Босна и Херцеговина, па со право може да се надева на едно местата што водат на континенталниот собир во 2026 година.