Во Автокоманда ќе се играат двата меча од третото коло во Европскиот Куп

Победникот на Купот на Македонија ќе има убава шанса да се пласира во осминафиналето на Европскиот Куп.

Според распоредот објавен на сајтот на Европската ракометна федерација, „сино-белиот“ тим од Автокоманда два пати ќе игра на домашен терен во третото коло.

Во договор со австрискиот ривал Вест Виен, двата натпревари се закажани во салата во Автокоманда кон крајот на ноември.

На 29 ноември, натпреварот меѓу тимот на Кирил Лазаров и Вест Виен ќе се игра од 19:00 часот, додека вториот натпревар на кој „сино-белите“ ќе бидат формално гости ќе се игра на 30 ноември во истото време.

Претходно македонскиот освојувач на Купот, го елиминираше литванскиот Драгунас Клаипеда.