Скопје без проблеми против Партизан, Преспа Вардар без сили кај Македонија ЃП

Ракометарите на Скопје прославија нова победа во прволигашката конкуренција, откако славеа кај Партизан Гевгелија со 32-27.

Гостинските ракометари уште по првиот дел ја најавија победата, кога водеа со 15-9.  Гевгеличани парираа во вториот дел, но немаа сили да направат камбек, па на победата се израдуваа скопјани.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Александар Грујевски и Андреј Тркалевски со по седум погодоци, додека кај Партизан Гевгелија се истакна Горан Лисичков со десет гола.

На убедлива победа се радуваше и Македонија ЃП, која на свој терен одигра рутински против Преспа Вардар, триумфираше со 28:18 (16:8).

Најефикасен во победничката екипа беше Бојан Божиновски со шест погодоци, во поразниот табор Иван Костовски беше предводник на стрелците со осум успешни реализации.