Поранешниот шампион на Македонија, Куманово, во рамки од 8. коло од Женската лига на свој терен славеше против Овче Поле СУ со 41:15.
Тимот на Славиша Димитриевски победата си ја обезбеди уште првите дваесетина минути кога поведе со 15:0, а гостинките од Свети Николе првиот гол го постигнаа дури во 23 минута.
Куманово за 30 минути игра прими само три, а постигна 20 гола, а вториот дел, исто така, наликуваше на полесен тренинг на домаќинот.
Најефикасни во победничката репрезентација била Мила Трајковиќ и Сузана Зечевиќ, двете постигнаа по девет гола, шест имаше Марија Петреска.
Кај Овче Поле СУ најрасположена за игра беше Кристина Младеновска Кузмановска, која зад своето име имаше шест успешни реализации.