Машката репрезентација на Македонија по успешно обезбедениот настап на СП 2025, започнува нов циклус квалификации за големо натпреварување – ЕП 2026.
Еден од лидерите на оваа репрезентација, Филип Кузмановски, вели дека не смее ниту еден ривал да се потцени, но го радува фактот што сите ракометари имаат минутажа во своите клубови и се спремни искуството да го пренесат и во националниот тим.
„Морам да ја пофалам позитивната енергија што ја има кај сите играчи тука. Радува фактот што сме сите во одлична форма, да не размислуваме многу далеку до првенството, имаме квалификациски натпревари. Покажавме дека Македонија на квалификациите игра добро, против Фарски Острови покажавме како треба да изгледаме во иднина. Нема да потцениме ниту еден ривал, како и досега. Првиот меч го играме дома против Естонија и мислам дека заслуживме публиката да не поддржи во голем број. Одиме чекор по чекор, ме радува што сме млада екипа, сите во клубовите играме, и имаме доволно искуство што треба да го покажеме на терен и во националниот тим. Се надевам дека Македонија одново ќе се пласира на ново големо натпреварување“, изјави Лазаров.
Првиот натпревар нашата селекција го игра во Скопје против Естонија на 6 ноември од 20:00 часот, додека вториот меч против Литванија е на програмата на 10 ноември од 17:00 часот во Виљнус.