Бутел парираше едно полувреме, бодовите за Еурофарм Пелистер

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер славеше на незгодното гостување кај Бутел Скопје со 29:24 во натпревар од 10. коло од Супер лигата. За пелистерци ова беше 8. победа во суперлигашката конкуренција, додека Бутел Скопје го доживеа четвртиот сезонски пораз.

По серијата грешки на двете страни, првиот гол на натпреварот го постигна гостинскиот тим преку Радивојевиќ, а домаќините со два гола во низа дојдоа до 2:1 во воведните пет минути. Еден од најискусните во редовите на Бутел, Димитар Ѓеоргиевски во 6 минута заработи црвен картон поради груб старт на Усама Хосни.

По десет минути игра резултатот беше 2:2, а главни ,,виновници” за малиот број постигнати гола беа голманите Блажески и Митревски кои имаа свои моменти. Двете петки на семафорот во 12 минута беа знак дека ни претстои интересен натпревар. По петнаесетина минути игра резултатот беше 8:8.

Пелистерци во 20 минута за првпат дојдоа до ,,плус два” 10:8, минута подоцна и до 11:8 и до крајот на првиот дел одржуваше резултатска предност, но без голема комоција во играта. По 30 минути игра, резултатот бепе 13:11 за гостинскиот табор.

Еурофарм Пелистер одигра одлично во првите десет минути од вториот дел и дојде до предност од 20:16. Домаќините не се предаваа, со головите на Каевски и Цветковски намалија на 20:18, но до крајот битолчани не дозволија Бутел да има било какви шанси за евентуален камбек.

Најефикасен во победничката екипа беше Филип Кузмановски со девет погодоци, по пет имаа Жарко Пешевски и Богдан Радивојевиќ. Во поразениот табор Филип Николов беше прв стрелец со седум погодоци, а го следеше младиот Бојан Спасовски со гол помалку – 6.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186