Познати судиите за Македонија: Унгарци во Скопје, Словаци во Виљнус

Европската ракометна федерација ги одреди судиите за првите два меча на Македонија од квалификациите за Европското првенство 2026.

На првиот натпревар против Естонија, што ќе се игра во Скопје на 6 ноември до 20:00 часот, ЕХФ назначи судии од Унгарија.

Станува збор за Андорка и Хукер, а делегат на мечот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде Србинот Вукашиновиќ.

За вториот натпревар против Литванија, што е закажан за 10 ноември во „Авија Солушнс Груп Арена“ во Виљнус, ЕХФ делегираше арбитри од Словачка.

Станува збор за Буџак и Захрадник, додека делегат ќе биде Баум од Полска.