Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе го одиграат седмиот натпревар во Лигата на шампионите и ќе ја комплетираат првата половина.
Пелистерци гостуваат кај данската Фредериција, а двајцата тренери Гудмундур Гудмундсон и Звонко Шундовски ги одредија составите.
Во битолскиот тим надвор од комбинација останаа Печурица, Петровиќ, Цикатиќ и Кузманоски, како и Костески, кои неодамна им се врати на тренинзите.
Домашните ќе бидат без повредениот екс играч на пелистерци, Себастијан Хенеберг, но ќе настапи Реине Табоада, уште еден поранешен играч на битолскиот тим.
Натпреварот меѓу Фредериција и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Јуске Банк Арена“ во Оденсе со почеток во 18:45 часот.