Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 9 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Вардар, Бутел Скопје, Прилеп, Охрид и „сино-белиот“ тим од Автокоманда, како и двајца од шампионот Еурофарм Пелистер.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
Супер лига, 9. коло, резултати:
БИСИНОВ ФЛ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 25-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – АЛКАЛОИД 26-39 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ОХРИД 33-39 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РАДОВИШ 45-23 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ПРИЛЕП 31-34 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – ВАРДАР 23-32 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Бојан Блажески (Бутел Скопје) – Чуварот на мрежата ја продолжи одличната форма и вторпат по ред се најде меѓу најдобрите.
Лево крило: Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер) – Стружанецот беше лидер на стрелците на дуелот со Радовиш.
Лев бек: Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер) – Левиот бек имаше добра партија во убедливата победа над радовишани.
Среден бек: Младен Крсманчиќ (Вардар) – Средниот бек беше лидер на вардарци во триумфот во Кавадарци.
Десен бек: Мартин Серафимов (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец беше меѓу најдобрите на средбата со Пролет.
Десно крило: Гал Цирар (Охрид) – Словенечкото десно крило даде 11 гола на гостувањето кај Куманово.
Пивот: Томислав Квастек (Прилеп) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите поединци во триумфот против Струга.