Вардар загуби кај Порто – и веројатно се збогува со пласман во следната фаза

За една недела по вторпат Вардар загуби од Порто во рамките од групната фаз аод Лига Европа, овојпат со 24-37 (10-17), со што драстично си ги намали шансите да ја мине групната фаза, и ги сведен само на теорија. Во моментов на табелата во групата води Мелсунген со максимални 8 бода, а Порто има 5. Вардар е трет со 2 бода, а последен е Валург со само 1 бод.

„Лудата комбинација“ со која Вардар би можеле да се надеваат на пласман во следната фаза е само доколку „црвено-црните“ двапати победат, против Валур во гости и дома со Мелсунген. Но ќе треба да чекаат и кикс на Порто, на дуелите со Мелсунген и со Валур. Поттугалците веќе кикснаа во Исланд, но на свој терен се апсолутни фаворити.

Без тренерот Владо Недановски, и предводен од неговио тпомошник Стојанче Стоилов, во Португалија, македонскиот тим се држеше до резултат 11-8, по што лседуваше период на лоша игра и многу примениголови, по што Порто зголеми на 17-10, резултат со кој се замина на одмор. Немаше шанси Вардар да се врати, а единствено во второто полувреме само се зголеми предност, кој дојде да биде и двоцифрена.

Марко Срдановиќ со 6 гола беше најефикасен, а Крсманчиќ и Георгиевски погодија по трипати.