По осум месеци пауза, десното крило Костески се врати на терените

|
17:49

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер во продолжението од сезоната ќе може да смета на Ненад Костески.

Десното крило денеска се врати на ракометните терени, откако паузираше околу осум месеци поради повреда.

23-годишниот Костески минатата сезона, односно на почетокот на месец март, на натпреварот против Колстад заработи повреда на предните вкрстените лигаменти на десната нога и мораше да паузира подолг временски период.

Стружанецот сега ќе почне да работи под полна пареа, со цел враќање на формата, а ќе ги чека и првите минути после долгата пауза.

Еурофарм Пелистер во продолжението од сезоната ќе биде посилен и со искусниот кружен напаѓач од Египет, Мамдух Шебиб.

 

Европски Куп: Анортозис приреди сензација, Целје пред елиминација, порази за Партизан и Бешикташ

Автор: Душко Андов
| 25 ноември 2024
10:44

Изминатиот викенд се одиграа првите натпревари од третото коло во Европскиот Куп, а три пара веќе ги одиграа и два меча, па познати се првите патници за осминафиналето.

Екипите на Диомидис Аргус од Грција, Драмен од Норвешка и Бриксен од Италија со по две победи ги елиминираа норвешкиот Арендал, босанскиот Леотар Требиње и чешкиот Ловосице.

Партизан, кој се вбројува меѓу фаворитите за трофеј, беше поразен на гости кај Кремс со 25-24. Македонското лево крило Бојан Маџовски настапи за српскиот тим но немаше реализации. Партизан има убава шанса со победа од два гола разлика да направи прогрес во следната фаза.

Тешка задача да го стори тоа ќе има словенечкиот Целје, кој загуби со 13 гола на гости кај Рудар Сандефјорд. Кога ќе имате реализација од 76% и десет голмански одбрани повеќе од ривалот, победата е неизбежна, а тоа го имаше норвешкиот тим.

Изненадувачка победа славеше естонската Полва Сервити против Бешикташ со 26-24, иако голманот Матеј Ашанин имаше 17 одбрани, а сензација приреди и кипарскиот Анортозис Фамагуста, не толку поради победата, туку поради гол разликата, откако победи со 37-28 против швајцарскиот Фади Винтертур.

Мотор Запорожје со пресврт го совлада босанскиот Извиѓа, додека косовскиот Раховец предводен од Горан Андоновски загуби дома и се наоѓа пред елиминација од романскиот Баја Маре. За косовскиот тим, македонскиот пивот Стефан Атанасовски имаше четири погодоци.

Следниот викенд со двата меча на домашен терен против австрискиот Вест Виен, ќе настапи и македонскиот освојувач на Куп трофејот – „сино-белиот“ тим од Автокоманда.

Европски Куп, 3 коло, резултати:

Раховец (Косово) – Баја Маре (Романија) 31-38
Арендал (Норвешка) – Диомидис Аргус (Грција) 19-23, 33-36
Алкалоид (Македонија) – Вест Виен (Австрија)
Пореч (Хрватска) – Крка (Словенија) 21-23
Анортозис (Кипар) – Фади Винтертур (Швајцарија) 37-28
Мотор Запорожје (Украина) – Извиѓач Љубушки (Босна и Херцеговина) 33-32
Драмен (Норвешка) – Леотар Требиње (Босна и Херцеговина) 33-30, 32-21
Кремс (Австрија) – Партизан (Србија) 25-24
АЕК Атина (Грција) – Ловќен Цетиње (Црна Гора)
Бриксен (Италија) – Ловосице (Чешка) 32-26, 34-29
Полва Сервити (Естонија) – Бешикташ (Турција) 26-24
Хаукар (Исланд) – Кур (Азербејџан)
Мистра (Естонија) – Јерусалем Ормож (Словенија) 30-34
Повашка Бистрица (Словачка) – БК46 (Финска) 28-31
Потаиса Турда (Романија) – Олимпијакос (Грција) 27-32
Рунар Сандефјорд (Норвешка) – Целје (Словенија) 41-28

Металари и Николовски со нова евро-задача, ќе судат натпревар за прво место во ЛЕ!

Автор: Душко Андов
| 23 ноември 2024
10:45

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од шестото коло во Лигата на Европа.

Исмаил Металари и Ненад Николовски добија ново делегирање од ЕХФ и ќе патуваат во Шпанија.

Тие ќе го судат натпреварот меѓу Бидасоа Ирун и шведскиот Иштад, кој ќе реши за првото место во групата, откако двете екипи обезбедија место во главната рунда.

Овој дуел е закажан за 26 ноември во 20:45 часот, а во вториот натпревар од оваа група ќе се сретнат романската Констанца и полскиот Хробри Глогов.

На овој меч што ќе се игра на 26 ноември од 18:45 часот, делегат ќе биде Македонецот Марјан Начевски.

🔴ВО ЖИВО🔴 Mеталург РА – Астраион

Автор: Душко Андов
| 24 ноември 2024
14:00

Димитриоски ефикасен, Ваљадолид им се врати на победите во Асобал

Автор: Душко Андов
| 24 ноември 2024
14:54

Тимот на Ваљадолид каде што играат македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, по три меча запиша победа во Асобал лигата.

По реми дуелите со Куенка и Ла Риоха, како и поразот од Пуенте Хенил, Ваљадолид на домашен терен славеше против Виља де Аранда со 37-26.

Триумфот беше најавен уште по првиот дел, кога избраниците на Давид Писонеро водеа со 17-13, а во второто полувреме комплетно го надиграа ривалот.

Димитриоски беше меѓу најдобрите стрелци и успеа да постигне четири погодоци од пет обиди, додека Карапалевски реализираше еднаш.

Ваљадолид сега има 11 бода и се наоѓа на делба на петтото место, а следен предизвик ќе биде гостувањето кај големата Барселона.

🔴ВО ЖИВО🔴 Охрид – Радовиш, Еурофарм Пелистер – Тиквеш, Овче Поле – Аеродром

Автор: Душко Андов
| 23 ноември 2024
14:43