Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од седмото коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер по поразот од Веспрем, ќе му гостува на данскиот вицешампион Фредериција.
ЕХФ делегираше судии од Германија за овој натпревар, а станува збор за Роберт Шулце и Тобијас Тониес, додека делегат е Томо Водопивец од Словенија.
Натпреварот меѓу Фредериција и Еурофарм Пелистер ќе се игра „Јиске Банк Арена“ во Оденсе в четврток од 18:45 часот.