Лазаров објави поширок список – еве кои ракометари се во комбинација за квалификациите за ЕП

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари пред стартот на квалификациите за ЕП 2026 година.

На поширокиот список на Лазаров се наоѓаат 35 ракометари, а нема поголеми изненадувања во споредба со претходните акции.

Најголеми проблеми македонскиот селектор има со десните крила, бидејќи повредени се браќата Ненад и Никола Костески.

Македонија е во група со Естонија, Литванија и Словенија, а настапот во квалификациите го почнува со домашен дуел на 6 ноември со Естонија, додека во втората средба од овој циклус гостува во Литванија на 10 ноември.

Пласман на ЕП 2026 ќе обезбедат прво и второпласираните селекции, како и најдобрите четири третопласирани од осумте квалификациски групи.