МВП НА 8. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – ЗДРАВКО ПОСТОЛОВ (РАДОВИШ)

Членот на Радовиш, Здравко Постолов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 8. коло од Супер лигата.

Капитенот на радовишани на натпреварот против дебитантот Бисинов постигна 13 голови и имаше голема заслуга за првиот сезонски бод.

Искусниот Постолов освои околу 46% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше голманот на Бутел Скопје, Бојан Блажески со 34%.

Номинирани за МВП на 8. коло од Супер лигата беа уште Никола Костески, Гоце Ојлески, Ивица Илиев, Ашраф Маргели и Кристијан Анастасовски.