ЅВЕЗДА НА 7. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – НЕНА НЕСТОРОСКА (КУМАНОВО)

Членката на Куманово, Нена Нестороска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 7. коло во единственото женско сениорско натпреварување.

Младата ракометарка одигра одлично на натпреварот против Пелистер и зад своето име запиша десет погодоци.

Нестороска на гласањето доби околу 57% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше ракометарката на Скопје, Клементина Ѓурческа со 43%.

Во конкуренција за ѕвезда на 7. коло беше и црногорската интернационалка во редовите на Ѓорче Петров, Есма Муратовиќ.