Ракометарите на Охрид рано утринава заминаа за Романија, каде што в сабота ќе го одиграат реванш натпреварот од Европскиот Куп.
„Гладијаторите“ патуваа со автобус до Тирана, оттаму имаат лет преку Виена до Сибиу, а до конечната дестинација Турда со автобус.
Ќе одработат и тренинзи во салата каде што ќе се игра натпревароот – „Турда Арена“, па избраниците на Стевче Алушовски ќе го запознаат добро теренот.
На првата средба Охрид славеше со 31-25 и тоа треба да биде добра залиха што ќе донесе пласман во третото коло и повторување на успехот од пред седум сезони.
Натпреварот меѓу Потаиса Турда и Охрид се игра в сабота со почеток во 17:00 часот.