Ракометарите на Нант остварија победа над хрватскиот Загреб 32-29 во натпревар од шестото коло во Лигата на шампионите. Гостите пружија силен отпор, но паднаа во ритамот во последните петнаесетина минути и Нант се израдува на бодовите.
Имаа домашните плус три на стартот, 6-3, но Загреб набрзина тоа го стигна, беше 6-6, а потоа хрватскиот првак ја презема контролата. Пешиќ и Биоска имаа големи проблеми со Кос и Белавски, водеа гостите и со два гола, но на пауза беше реми, 15-15.
На стартот на вториот дел Срна доби трето исклучување и црвен картон, па Загреб остана со играч помалку во ротацијата, во која не беше повредениот Дибиров.
Во последните десетина минути Нант стигна до плус три, 27-24, па тренерот на Заргеб мораше да бара тајм-аут. Сепак немаше големи промени на теренот и францускиот тим рутински ја задржа предноста.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Бос со седум гола, а Овничек, Брие, Мин и Турна дадоа по четири погодоци, додека голманите Пешиќ и Биоска комбинираа 11 гола. Во составот на Загреб, Пвовќ стрелаше седум пати, а Кос постигна шест гола.
Данскиот Алборг прослави убедлива победа на гостински терен кај ослабениот Келце со 35-28. Гостите уште од стартот наметнаа свое темпо, направија солидна залиха од четири-пет голови, и таквата предност ја одржуваа до самиот крај.
Келце намали на минус три во вториот дел, но потоа Монар доби црвен картон и домашните немаа сили да направат камбек во натпреварот, па на крајот загубија и повеќе од убедливо. Талант Душебаев не можеше да смета на повредените Алекс Душебаев, Конку, Чордалија, Кадах…
Голманот Норстен со 15 интервенции беше нерешлива загатка за Келце, а Арнолдсен со девет и Турин со седум гола беа најдобри стрелци. Во составот на полскиот вицепрвак по пет гола имаа Македа и Морито.