Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска на свој терен ќе игра против Веспрем во рамки од 6. коло од ЛШ.
Тимот на Чави Пасквал во досегашниот тек од Лигата на шампионите на пет одиграни натпревари оствари четири победи, беше поразен само од Спортинг Лисабон.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Звонко Шундовски, го одреди составот за вечерашното соочување со унгарскиот шампион.
На овој натпревар на трибините ќе останат голманот Василије Печурица, кружниот напаѓач Кајо Цикатиќ, бековите Павле Атанасиjeвиќ и Павле Петровиќ.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток од 20:45 часот.