Женската репрезентација на Македонија од утре ја очекува настапот на силниот турнир „Трофеј Карпати“ во романскиот град Клуж.
Селекторот Кристијан Грчевски на списокот имаше 22 ракометарки, а на кратките подготовките сметаше на 21 ракометарка.
Поради повреда во Клуж нема да игра десниот бек Ива Младеновска од францускиот Брест, а според информациите таа би требало да биде подготвена за настапот на ЕП 2024.
Во Романија, Грчевски ќе има на располагање 18 ракометарки, а од комбинација отпадна триото од Металург Автокоманда – Сара Миновска, Александра Коловска и Михаела Кралева.
Македонија утре ќе игра со домаќинот Романија, в сабота ќе се соочи со Словачка, а в недела на програмата е мечот со Швајцарија.
Последните тестови пред ЕП 2024, Македонија ќе ги има на „Кроација Куп“ со Србија и Хрватска, а на континенталниот собир нашите ракометарки ќе играат против Унгарија, Турција и Шведска.
Состав на Македонија: Чурлиновска, Мицевска, Петковска, Саздовска, Ристовска, Гакидова, Џатевска, Дукоска, Дамјановска, Маџовска, Кипријановска, Седлоска, Диневска, Коцева, Јанкуловска, Стефаноска, Анчева, Коларовска