ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер на мегдан со унгарскиот гигант Веспрем

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска на свој терен ќе се соочат со унгарскиот гигант Веспрем.

Тимот на Чави Пасквал во досегашниот тек од Лигата на шампионите на пет одиграни натпревари оствари четири победи, беше поразен само од Спортинг Лисабон.

Еурофарм Пелистер, кој од клупата ќе биде предводен од Звонко Шундовски, откако Бранислав Ангеловски си поднесе оставка, ќе се обиде рамо до рамо да се носи со силниот ривал.

Битолчани досега во ЛШ забележаа четири порази, од ПСЖ, Фуксе Берлин, Динамо Букурешт и Висла Плоцк, додека на домашниот натпревар Спортинг Лисабон успеаја да освојат бод.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток од 20:45 часот.

На денешната програма од Лигата на шампионите ќе има уште три натпревари, ќе играат Фуксе Берлин – ПСЖ, Сегед – Колштад и Барселона – Магдебург.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:15 НОРВЕШКА – ГЕРМАНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
18:45 ФУКСЕ БЕРЛИН – ПСЖ (ЛШ)
18:45 СЕГЕД – КОЛШТАД (ЛШ)
19:00 ХАМБУРГ – ХАНОВЕР (БУНДЕС)
19:00 ЛАЈПЦИГ – МЕЛСУНГЕН (БУНДЕС)
19:00 ШВЕДСКА – ШПАНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
20:30 ДАНСКА – ХОЛАНДИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
20:45 МАГДЕБУРГ – БАРСЕЛОНА (ЛШ)
20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВЕСПРЕМ (ЛШ)
21:00 ФРАНЦИЈА – УНГАРИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)