Пролет парираше, но бодовите останаа за Охрид

Ракометарите на Охрид ја забележаа 7-та победа во Супер лигата, откако на свој терен славеа над Пролет со 32:29. За Охрид денешниот натпревар со скопскиот тим беше генерална проверка пред реванш дуелот со Турда од втората рунда во Европскиот Куп.

Охрид сега на табелата има 14 бода, исто колку и вицепрвакот Вардар, додека тимот на Пролет е позициониран на 7. позиција на табелата со шест бода на свое конто. Но, и покрај денешниот пораз, тимот предводен од Александар Јовиќ останува во игра за пласман во плеј-оф фазата.

Гостите дадоа силен отпор на натпреварот, во неколку наврати водеа со еден-два гола разлика. По нерешените 8:8, домаќините направија одлична серија од 4;0 и се одлепија на 12:8 во 18 минута. Пролет не се предаваше, казни дел од грешките на домашниот тим и на осум минути пред крајот на првиот дел дојде до минус еден, 13:12.

До крајот на првиот дел домаќините се консолидираа, Ристевски фати неколку топки, па така составот на Алушовски на пауза замина со предност од четири гола, 18:14. По паузата, односно за две-три минути игра во вториот дел, тимот на Пролет врза три гола во низа доближувајќи се на минус еден, 18:17.

Пролет во 40 минута направи целосен камбек, искусниот Андоновски израмни на 19:19, а Алушовски мораше да повика тајм-аут. Избраниците на Јовиќ во 42 минута поведоа со 21:20 и тоа беше знак за домаќините дека мора да заиграат на многу повисоко ниво. По предноста на Пролет од 24:23, Охрид направи серија од 3:0, дојде до 26:24 во 50 минута и до крајот успеа да ја сочува предноста.

Најефикасен во победничката екипа беше Гоце Ојлески со седум погодоци, по пет постигнаа Никола Јукиќ и Живан Пешиќ. Во поразениот табор Давор Палевски имаше седум погодоци, а го следеше Ласко Андоновски со гол помалку – 6.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД11110022
2ВАРДАР 196111100120
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100220
4ОХРИД1290318
5БУТЕЛ1270514
6ТИКВЕШ 20141251611
7ПРОЛЕТ1243511
8ПРИЛЕП1242610
9КУМАНОВО123096
10БИСИНОВ Ф. Л.122195
11СТРУГА1220104
12РАДОВИШ1201111