Николов и Начевски со нова задача во ЛШ – ќе го судат дербито на колото!

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од седмото коло во Лигата на шампионите.

Најдобрата судиска двојка од Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, ќе го судат дербито на колото во елитната конкуренција.

Станува збор за натпреварот меѓу вицепрваците на Унгарија и Полска – ПИК Сегед и Келце што е на програмата на 30 октомври.

Овој натпревар ќе се одигра во Сегед од 18:45 часот, а делегат ќе биде Јован Попадиќ од Србија.