Вардар загуби од Порто со 26-22 во најважниот натпревар од Лигата на Европа и направи чекор назад во битката за главната рунда.
Тренерот Владо Недановски вели дека иако се подготвувале за играта „седум на шест“ на Порто, сепак тоа не било доволно.
„Во првото полувреме игравме добро и тогаш имавме предност. Среќен сум дека игравме многу добра 5-1 одбран, нападот не беше на најдобро ниво, но и тие играа добро. Се подготвуваме за нивната игра „седум на шест“, но не беше доволно. Порто со тренерот Андерсон е екипа што ја игра оваа игра најдобро можеби. Ние имавме шанси да се вратиме, но промашивме неколку зицери, а нивниот голман одбрани кога требаше. Што е тука е“, изјави Недановски.
Сега за Вардар следува гостување во Кавадарци кај Тиквеш, додека вториот меч со Порто е на програмата на 29 октомври од 20:45 часот.