Бранителот на трофејот во Лигата на Европа, Фленсбург, без проблеми стигна до третата победа на третиот натпревар во групната фаза.
Избраниците на Николај Крикау славеа на домашен терен против амбициозната Татабања со 44-27.
Тимот на Гумерсбах, исто така остана на максимум по три кола, откако во дербито славеше против Тулуз со 33-26.
Словенечкиот првак Горење е практично елиминиран откако и по третиот меч остана без триумф. Швајцарскиот Луцерн ги однесе бодовите од Велење и славеше со 33-27.
Шпанскиот Гранољерс се доближи до место во главната рунда, откако дома го победи данскиот Силкеборг со 36-27 и сега е втор зад Монпелје со четири бода.
Лига на Европа, резултати:
КОНСТАНЦА – БИДАСОА 35-30
ФЛЕНСБУРГ – ТАТАБАЊА 44-27
ГОГ – АДЕМАР 36-23
ГОРЕЊЕ – ЛУЦЕРН 27-33
ГРАНОЉЕРС – СИЛКЕБОРГ 36-27
ГУМЕРЗБАХ – ТУЛУЗ 33-26
КАРВИНА – СЕСВЕТЕ 33-29
ИШТАД – ГЛОГОВ 36-30