Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ја подига формата во играта, и се надева дека ќе ја продолжи серијата на победи и во домашното првенство вечерва (19 часот – МТВ пренос) кога гостува во Автокоманда. Мечот ќе биде реприза на дуелот од Супер купот, на почетокот на септември кога освојувачот на Купот го доби со 33-30.
Двете екипи викендов настапија во евроспките купови, па планираната средба беше презакажана за денеска. Генералната проба на двата тима пред овие натпревари беа дуели од европските средби. Еурофарм Пелистер загуби во Полса од Висла, 18-26, додека во Автокоманда славеа „сините“ против Драгунас со 42-31.
Во меѓусебните дуели последните две сезони, Еурофарм Пелистер секогаш победувал на дуели од првенството на Македонија. На сите четири средби „зелените“ триумфирале, а највисоката победа ја остварија токму на теренот во Автокоманда кога победија со 35-25. единствените два порази на екипата на Бранислав Ангеловски беа во финалето на Купот, кога дури по изведувањето на седмерци триумфираше тимот редводе од Кирил Лазаров, 25-23. А потоа и во Супер Купот во Гевгелија.
Моментно на табелата разликата меѓу двата тима е само два бода, во корист на домаќините.
„ Натпреварот го очекуваме како секој натпревар од лигата на шампиони. Пристапот кон натпреварот и играта ќе биде на високо ниво. Тие се тие натпревари во македонското првенство, тоа се натпреварите со Вардар, Алкалоид и Охрид, кои што треба да се сфатат многу сериозно. Мислам дека само со таков пристап имаме шанса за поголем резултат, вели Ангеловски пред денешниот дуел.
Сезонава ова ќе биде нивни втор меѓусебен натпревар. Првиот беше на почетокот на септември во Гевгелија од Супер купот.
„Не можевме многу да се подготвуваме за Супер Купот, тогаш имавме само еден слободен ден. Сега имаме два дена. Генерално се знаеме и нема тајни меѓу нас како од наша страна така и од нивна страна. Се надевам на одлична игра и добар резултат, смета Ангеловски.
Судии на средбата ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.