ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар со Борозан против Порто, се враќа и Јагуриновски, нема да игра Танкоски

Македонскиот шампион Вардар денеска ќе го одигра третиот натпревар во Лигата на Европа. Избраниците на Владо Недановски пред својата публика ќе се соочат со Порто, кој беше редовен учесник во Лигата на шампионите.

Во составот ќе биде и левиот бек Вуко Борозан, кој беше искасан од кучиња скитници пред неколку дена, но дали и колку ќе игра, ќе видиме вечерва. Се враќа и десниот бек Томислав Јагуриновски, па Недановски ќе има повеќе бековски решенија.

Тренерот на Вардар, за овој дуел реши да ги изостави Марио Танкоски, Марко Богдановски, Марио Стојановски и Кристијан Стаменковиќ, а нема да играат ниту повредените Дмитро Горига, Мигел Пинто и Ален Ќосевски.

Кај Порто нема да играат двајцата шпански интернационалци – десниот бек Давид Фернандез и десното крило Антонио Мартинез.

Португалскиот тим во минатото коло одигра реми на гостувањето кај Валур, додека  „црвено-црните“ беа поразени во Германија од Мелсунген.

Натпреварот меѓу Вардар и Порто ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 20:45 часот.