Ракометарите на Вардар денеска пред својата публика ќе се соочат со Порто во натпревар од 3. коло од групната фаза во Лигата на Европа.
Вардарци во првото коло во второто по ранг европско натпреварување славеа над Валур, додека минатата недела на гостувањето во Германија беа поразени од Мелсунген.
Избраниците на Владо Недановски доколку победат на вечерниот натпревар, тогаш ќе бидат близу до пласман во следната рунда.
Натпреварот меѓу Вардар и Порто ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 20:45 часот.
На домашна сцена ќе има дерби дуел, тимот на Кире Лазаров на свој терен во Автокоманда ќе го пречека актуелниот првак Еурофарм Пелистер во рамки од 8. коло од суперлигашката конкуренција.
Третопласираниот тим од ланската сезона, нема пораз во досегашниот тек од сезоната, победи на сите седум натпревари.
Еурофарм Пелистер на седум одиграни натпревари триумфираше шест пати, беше поразен само од Вардар во Скопје.
Денешниот натпревар во спортската сала „Автокоманда“ ќе стартува со почеток од 19:00 часот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 КОНСТАНЦА – БИДАСОА (ЛЕ)
18:45 ФЛЕНСБУРГ – ТАТАБАЊА (ЛЕ)
18:45 ГОГ – АДЕМАР (ЛЕ)
18:45 ГОРЕЊЕ – ЛУЦЕРН (ЛЕ)
18:45 ГРАНОЉЕРС – СИЛКЕБОРГ (ЛЕ)
18:45 ГУМЕРЗБАХ – ТУЛУЗ (ЛЕ)
18:45 КАРВИНА – СЕСВЕТЕ (ЛЕ)
18:45 ИШТАД – ГЛОГОВ (ЛЕ)
19:00 БРИКСЕН – КАСАНО (ИТАЛИЈА)
19:00 АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
19:30 МИНДЕН – КОБУРГ (ГЕРМАНИЈА)
20:45 ФХ – САВЕХОФ (ЛЕ)
20:45 МЕЛСУНГЕН – ВАЛУР (ЛЕ)
20:45 НЕКСЕ – КИЛ (ЛЕ)
20:45 ЛИМОЖ – КАДЕТЕН (ЛЕ)
20:45 ПРЕШОВ – БЕНФИКА (ЛЕ)
20:45 ВАРДАР – ПОРТО (ЛЕ)
20:45 ВОЈВОДИНА – ТОРЕЛАВЕГА (ЛЕ)
20:45 ЗАБЖЕ – МОНПЕЛЈЕ (ЛЕ)