Амбициозниот тим на Чаир ќе има убава шанса за прогрес во ЕХФ Европскиот Куп и пласман во осминафиналето.
Ракометарките на Басри Љатифи ќе ги играат двете средби од третото коло против португалскиот тим Колехио Де Гаиа.
Според информациите, првата средба ќе биде на програмата на 16 ноември, додека втората ќе се игра на 17 ноември во Автокоманда.
Чаир во второто коло од Европскиот Куп со две победи го елиминира тимот на Керженг од Луксембург, а со пласманот во третата рунда го повтори најголемиот успех досега.
Во Женската лига, Чаир досега запиша пет победи на пет натпревари и многу веројатно со максимум бодови ќе обезбеди место во плеј-офот.