Браќата Илиевски на нова евро-задача

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од второто коло во Европскиот Куп.

Македонските арбитри Методија и Михајло Илиевски добија нова европска задача и патуваат во Австрија.

Тие ќе го судат натпреварот меѓу австрискиот Кремс и холандскиот КРАС Волендам, додека делегат е Елеш од Унгарија.

Овој натпревар е закажан за 19 октомври со почеток во 19:00 часот, а ќе се игра во „Шпорт Хале Кремс“.