Maкедонски судијки ќе им судат на машки екипи во Европскиот Куп!

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од второто коло во Европскиот Куп.

Македонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева, по натпреварите во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, оваа сезона добија задача и во Европскиот Куп.

Карбеска и Илиева ќе патуваат во Босна и Херцеговина, каде ќе го судат двомечот меѓу Леотар Требиње и летонскиот Тенакс Добеле.

Првиот натпревар е закажан за 25 октомври од 20:00 часот, додека вториот дуел во салата „Милош Мрдиќ“ во Требиње ќе се игра на 27 октомври од 19:00 часот.