Митревски и Тодоровски на германско-француски двобој во Лигата на Европа

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло во Лигата на Европа.

Македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски по дуелот од Лигата на шампионите во Барса, добија нова задача од ЕХФ.

Тие ќе го судат натпреварот меѓу германскиот Гумерсбах и францускиот Тулуз, што многу веројатно ќе го одлучи првото место во групата Х.

Овој натпревар ќе се игра во „Швалбе Арена“ во Гумерсбах на 22 октомври со почеток во 18:45 часот.