Божиновски и Начевски ќе им судат на Талески и Бенфика

Европската ракометна федерација ги одреди судиите за натпреварите од третото коло во Лигата на Европа.

Нова европска задача ќе има за македонскиот двоец Даниело Божиновски и Виктор Начевски во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Тие ќе го судат натпреварот меѓу словачкиот Татран Прешов и португалската Бенфика на Филип Талески.

Овој натпревар ќе се игра во „Татран Арена“ на 22 октомври со почеток во 20:45 часот, а делегат ќе биде Емир Бешлија од Црна Гора.