Стефаноска во одлична форма – му даде 11 гола на српскиот шампион!

Македонската репрезентативка Сара Стефаноска се наоѓа во одлична форма пред Европското првенство 2024, а нејзините одлични партии во српскиот шампионат треба да го радуваат и селекторот Кристијан Грчевски.

Стефаноска и тимот на Јагодина, во која настапува уште една ракометарка од Македонија – Јана Равојска, вчера го одиграа дерби дуелот со Црвена Ѕвезда во најквалитетното натпреварување во Србија.

Во возбудливиот натпревар, кој што беше исполнет со пресвети и осилации во играта на двата табора, бодовите ги освои тимот од Белград, триумфираше со 25:23, а шутерски расположена беше токму екс ракометарката на Вардар.

Левиот бек натпреварот го заврши со 11 погодоци, девет од нив беа од девет-десет метри, но освен што погодуваше, 19-годишната Стефаноска ѝ асистираше. Сепак, одличната партија на Стефаноска не беше доволна за Јагодина да освои барем бод.

Јагодина по пет одиграни кола во српскиот шампионат се наоѓа на 4. позиција со седум бода. Следен предизвик за тимот на Стефаноска и Равојска ќе биде натпреварот против амбициозниот Бекамент.