Се загрева атмосферата во Охрид – европски натпревар по седум сезони покрај езерото

По пауза од седум години, во Охрид повторно ќе се игра натпревар од европските купови. Амбициозната управа успеа да го врати клубот на меѓународна сцена, па охридските љубители на ракометот ќе имаат шанса да следат дуел на нивните миленици во Европскиот Куп.

Ривал на „гладијаторите“ ќе биде незгодната романска екипа Потаиса Турда, која доаѓа во победничка атмосфера во СРЦ „Билјанини Извори“, откако славеше против Баја Маре со 31-27.

Сепак домашниот терен им ја дава фаворитската улога на охриѓани, а популарните цени на влезниците, кои може да се купат ТУКА, треба да бидат гаранција за одлична атмосфера што ќе придонесе за уште подобра артија а ракометарите.

Пред седум сезони, Охрид го мина второто коло од Европскиот Куп откако на два пати го победи холандскиот Волендам и потоа играше со Порто.

Охриѓани го комплетираа ростерот со средниот бек Ловро Јотиќ, па тренерот Стевче Алушовски ќе има доволно адути за прогрес во следното коло. Првиот меч е на програмата в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ од 19:00 часот, додека реваншот е во Турда на 26 октомври од 17:00 часот.