Ракометарите на Кил направија голем чекор до место во главната рунда од Лигата на Европа, откако славеа на гостувањето кај Војводина со 32-28.
По израмнетиот старт и 6-6, Кил почна да се одлепува и поведе со 9-6, а на паузата беше 18-15 за „зебрите“. Во вториот дел гостите имаа и плус седум, 25-18, но Војводина не се откажуваше и се бореше до крај.
Српскиот првак намали на минус два, 27-25, Јовановиќ и Да Силва пропуштија шанси за минус еден и Кил до крајот успеа да ја задржи предноста и победнички да се врати дома.
Имре даде осум, а Мадсен шест погодоци за Кил, додека Мрква на голот запиша десет одбрани. Во составот на Војводина, Јовановиќ постигна седум гола, а Николиќ беше стрелец на пет.
Унгарската Татабања предводена од екс десниот бек на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш, славеше на гости кај Сесвете со 31-27. Хрватскиот репрезентативец беше лидер на теренот со девет гола.
ЛИГА НА ЕВРОПА, 2. КЛО, РЕЗУЛТАТИ:
Група А
ГОГ – ЛУЦЕРН 39-36
20:45 АДЕМАР – ГОРЕЊЕ
Група Б
ГРАЊОЛЕРС – МОНПЕЛЈЕ 24-28
20:45 СИЛКЕБОРГ – ЗАБЖЕ
Група Ц
ТАТРАН ПРЕШОВ – КАДЕТЕН 30-39
20:45 БЕНФИКА – ЛИМОЖ
Група Д
ГЛОГОВ – КОНСТАНЦА 37-33
ИШТАД – БИДАСОА 23-29
Група Е
ВОЈВОДИНА – КИЛ 28-32
20:45 ТОРЕЛАВЕГА – НЕКСЕ
Група Г
СЕСВЕТЕ – ТАТАБАЊА 27-31
20:45 КАРВИНА – ФЛЕНСБУРГ
Група Ф
МЕЛСУНГЕН – ВАРДАР 34-18
20:15 ВАЛУР – ПОРТО
Група Х
САВЕХОФ – ТУЛУЗ 31-37
22:30 ФХ – ГУМЕРЗБАХ